Секретарот за внатрешни работи на Хонг Конг поднесе оставка поради присуство на голема забава за време на пандемија

Од:

Секретарот за внатрешни работи на Хонг Конг Каспар Цуи денеска поднесе оставка како одговор на критиките на јавноста откако се дозна дека присуствувал на роденденска забава во јануари, по што две лица биле позитивни на коронавирус од 200 присутни.

„Донесов погрешна одлука да присуствувам на прослава на 3 јануари и се однесував на несоодветен начин кога сите напори требаше да бидат посветени на контрола на ширењето на вирусот“, рече политичарот во писмената изјава.

„Ќе преземам одговорност за моите постапки и затоа одлучив да поднесам оставка од функцијата секретар за внатрешни работи“, јави ДПА.

Прославата, на која присуствуваа и полицискиот началник Рејмонд Сиу и шефот на Одделот за имиграција Ау Ка-ванг, предизвика жестоки критики кај жителите на Хонг Конг, кои укажаа на двојните стандарди кои важат за политичарите и за населението. Непосредно пред тоа, здравствените власти на специјалниот административен регион сè уште го советуваа населението да избегнува големи собири.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Кинескиот суд одлучи: Затвор за лицата кои упаднаа во градското собрание во Хонг Конг

Горан Наумовски

Хонг Конг: Седуммина уапсени во случај на „перење“ 1,8 милијарди долари

Хонг Конг: Две лица ги загубија животите во поплавите, повеќе од 100 лица се повредени

ВИДЕО: Тајфунот фрла девојка на улица, вода продира низ зградите: Драматична снимка од невремето во Хонг Конг

(ВИДЕО) Силниот тајфун Саола го погоди Хонг Конг

Екстремен спортист загина во Хонг Конг додека се фотографираше