Тoбира победи, но прелиминарните претседателски избори во француската левица се неуспешни

Од:

Поранешната француска министерка за правда, Кристијан Тобира, победи на прелиминарните избори за претседателски кандидат на левицата за изборите во април годинава, но изјаснувањето не успеа да ја обедини левицата затоа што процесот беше игнориран од главните кандидати во левицата, иако истите се наоѓаа на листата за гласање, јави дописникот на МИА.

Прелиминарните избори што требаше да ги обедини левицата и екологијата, резултираше со победа на поранешната министерка, која во полседен момент ја лансирање својата кандидатура. Овие прелиминарни избори, што не се обврзувачки според резултатите, коментаторите наведуваат дека се само пропуштен датум.

Резултатите синоќа беа објавени во една париска концертна сала. Волонтерите уморни од повеќемесечната работа, едвај трепнаа кога се спомна името на поранешната министерка. Нејзиното име доби учтив аплауз, но не поголем од другите.

Кристијан Тобира, ја доби оценката добра+, Јаник Жадот, доволно+, Жан-Лук Меланшон, доволно -, Пјер Ларутуру, преодно +, Ан Идалго преодно+, Шарлот Маршандис, проодно-, Ана Агуеб-Портерие, недоволно. Некои стравуваа дека мнозинската пресуда нема да даде јасен резултат, тоа не е така, гласачите го избраа единствениот главен кандидат кој ги прифати правилата на изборите. Дури и ако екологистот не заостанува многу.

Додека Кристијан Тобира уживаше во својата победа, врз неа веднаш почнаа напади. Јаник Жадо запрашан што сака да и порача на поранешната министерка, одговори: . „Ништо, тоа беа прелиминарни избори за Кристијане Табира, таа излезе како победник, тоа е уште една кандидатура, тоа е токму спротивното од она што го сакавме на овие избори. Се надевам дека сега ќе можеме да водиме кампања.

Жан-Лук Меланшон, на Франс 5, не беше попријатен: „Таа го облече чевелот што и беше подготвен, процени тој. Не сум загрижен, автоматски бев пријавен на избори на кои не сакав да учествувам. За кандидатот на Народниот сојуз овој резултат „не менува ништо“. За Ан Идалго на истата телевизија победата на Тобира е „уште еден кандидат. Можеше да биде момент на собир за цела левица, тоа е уште една кандидатура“, реагира таа.

Без оглед на дисонантните тонови, Тобира го затвори својот говор со порака на надеж. „Ви благодариме што верувавте во тоа и што утре сте клучот за можна победа во април 2020 година“, рече таа, правејќи огромен лапсус.

Според сите досегашни испитувања на јавното мислење, кандидатите од редовите на левицата не успеваат да се пласираат во вторитио круг на претседателските избори, кои изгледаат резервирани за Еманул Макрон, додека за второто место се борат Валери Пекрес, Марин Ле Пен и Ерик Земур.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Марин Ле Пен и 26 лица обвинети за финансиска измама која траела со години

Горан Наумовски

ВИДЕО: Голема поплава во Кан, водата носеше автомобили

Париз блокиран: Илјадници луѓе протестираат

Французите ја намалуваат цената на струјата за 10 отсто

Предраг Петровиќ

Протести низ Франција против именувањето на Мишел Барние за премиер

Макрон го назначи Барние за шеф на владата