ВМРО-ДПМНЕ: Со 90 пратеници, за 4 години ќе се заштедат пари за 2 училишта, 4 градинки или една амбуланта

Од:

„Со 90 пратеници, за 4 години ќе се заштедат пари за 2 училишта, 4 градинки или една амбуланта. За 4 години со Собрание со 90 пратеници, што е за 30 пратеника помалку од сега ќе се заштедат околу 4 милиони евра. Тоа се пари кои наместо во плаќање на функционери со разни привилегии ќе се насочат кон народот“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„За само 4 години со 90 пратеници, 2 општини низ државата можат да добија по едно ново училиште.

За 4 години со 90 пратеници, 4 општини ќе добијат по една градинка. Додека за истиот период може да се изгради и нова амбуланта.

Со 90 пратеника на долг рок се крати на трошоци и се добиваат повеќе средства за инвестиции“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче