Каевски: Избори ќе има 2024 година

Од:

Соочени со фактот дека нивните градоначалници се големо разочарување и дека ништо не прават за интересите на граѓаните постојано сме сведоци на едни исти предлози коишто доаѓаат од страна на ВМРО-ДПМНЕ, нашиот став е јасен, концизен и точен рече на прес конференција пратеникот на СДСМ Дарко Каевски.

– Нашиот став е дека за сите овие прашања треба да има дебата и врз призма на сериозен консензус од сите политички партии да ја донесеме одлуката за сите овие прашања и сите овие прашања треба да се решат во периодот што следи, но за сето тоа имаме две и пол години, две и пол години до одржувањето на парламентарните редовни избори со којшто сите овие прашања треба сериозно да се аргументираат и врз база на сето тоа да се донесе еден заклучок и општ консензус и да се решат работите, вели Каевски.

Каевски потенцираше дека СДСМ има јасен став дека изборите ќе бидет редови во регуларниот предвиден термин во 2024 година.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче ја нападна платформата „12:05“: Шизофрен собир на пучисти, шемаџии и сателити на Мицкоски

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

СДСМ: Добивме опомена за тужба од АТС Груп и Шефшет Демировски, нема да се извиниме

Кузеска: Приватна фирма плаќа лобисти во САД за Мицкоски

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп

А1он