До крајот на мандатот невработеноста ќе ја намалиме под 10% најавува премиерот

Од:

Ковачевски истакна дека мерките од Оперативниот план за вработување учествуваа во намалувањето на невработеноста до историските 15,9%, со тенденција да продолжи да опаѓа, и дека до крајот на актуелниот мандат на Владата ќе биде постигната невработеност од под 10% рече премиерот Димитар Ковачевски при посетата на компанија чиј сопственик ги искористил мерките за самовработување.

Охрабрени од резултатите на Оперативниот план за 2021 година, рече премиерот Ковачевски, во буџетот за оваа намена за 2022 година се обезбедени зголемени финансии, односно 1,73 милијарди денари.

„Тоа ветува дека ќе видиме реализација на уште вакви успешни бизнис иницијативи како оваа на Игор Младеновски и неговата „Метал Декор Дизајн”“, нагласи премиерот Ковачевски за време на посетата на ова претпријатие кое е основано преку мерките од Оперативниот план за вработување на Владата.

Би можело да ве интересира

Ковачевски: Нека е честит 1 Мај, СДСМ секогаш била на страната на работниците

А1он

Ковачевски: СДСМ е единствената политичка сила која може да ја внесе Македонија во ЕУ

Ковачевски: Не е точно дека со ДУИ договараме бојкот на изборите на 8 мај

Катерина Ѓуровски

Ковачевски: Денеска е првиот чекор кон големата одлука

Катерина Ѓуровски

Ковачевски: Закани и блокади не враќаат назад во минатото, никој не смее да си поигрува со иднината на државата

Ковачевски: Македонија, нема повеќе време за чекање, нема откажување од иднината