Крајно опасна концентрација на радиоактивни материи измерена во тунел под Фукушима-1

Од:

Крајно опасна концентрација на радиоактивни материи е измеренa во водата, акумулирана во техничкиот тунел за дренажа, поврзан со подземните катови на испразнетиот втор енергоблок од АЕЦ „Фукушима-1“, соопшти денеска операторот на централата – компанија ТЕПКО.

Како што пренесува БТА, содржината на цезиум изотопи во примероци од водата во тунелот е 2,35 милијарди бекерели на литар, односно точно онолку колку што изнесуваше веднаш по хаваријата во нуклеарната централа „Фукушима-1“ во март 2011 година.

Според експертите на ТЕПКО загадената вода од тунелот може да продира во почвата, во подземните води или во океанот.

На инсистирање на Владата компанијата итно бара начини за спречување на евентуални истекувања. Посебно се дискутира за можноста за изградба на подземен ѕид од стакло на океанската плажа и за испумпување на радиоактивната вода од тунелот.

Би можело да ве интересира

Врховен суд на Јапонија: Владата не е одговорна за отштетата за Фукушима

Ана Ололовска

Шест лица го тужат операторот на нуклеарната централа Фукушима поради рак на тироидната жлезда

Ана Ололовска

Јужна Кореја бесна на Јапонија за планот за испуштање на радиактивна вода од Фукушума во океанот

Ана Ололовска

Десет години од нуклеарната катастрофа во Фукушима

Ана Ололовска

Стотина повредени во земјотресот во Фукушима

Катерина Ѓуровски

Радиоактивна вода од „Фукушима“ ќе биде исфрлена во океан

Ана Ололовска