На улиците на Рио де Жанеиро војници ќе го штитат папата

Од:

По повод престојот на папата Франциско во Бразил, на улиците на Рио де Жанеиро овој викенд, покрај илјадниците полицајци, ќе бидат распоредени и 7.000 војници, соопштија денеска бразилските власти.

Војниците ќе ја гарантираат безбедноста на папата и аџиите, за кои се очекува да бидат повеќе од еден милион.

Војската ќе ги штити папата и учесниците на ноќното молитвено бдеење меѓу сабота и недела, како и за време на неделната миса.

Униформирани, но невооружени војници ќе се грижат за безбедноста на плажата Копакабана – пред бината на која папата ќе ја одржи мисата.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Е*и се Илон Маск, не ти се плашам, порача првата дама на Бразил

Катерина Ѓуровски

Бразилската полиција го идентификуваше бомбашот пред Врховниот суд

ВИДЕО: Бразилски политичар удри конкурент со стол за време на дебата

Бразил продолжи со катастрофалната игра, загрозен е пласманот на Мундијалот по поразот од Парагвај

Предраг Петровиќ

Судот во Бразил ја потврди забраната за социјалната мрежа Х

Врховниот суд на Бразил го забрани Х на Маск