Приведени двајца крадци од Скопје, одземеното вратено на сопственикот

Од:

Вчера вечер, околу 20.50 часот, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода 18-годишниот А.Р. од село Јурумлери, скопско и 18-годишниот М.Х. од Скопје, затоа што одзеле повеќе предмети од продажен објект во трговски центар на улицата „Кирил и Методиј“, известува МВР.

– Предметите биле пронајдени и вратени на сопственикот. Тие биле приведени во полициска станица и со нив бил извршен службен разговор, соопшти МВР.

За случајот бил запознаен Јавен обвинител и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена пријава по член 235 од Кривичниот законик.

Би можело да ве интересира

ДУИ обвинува за полициско насилство врз двајца млади, МВР истражува

Катерина Ѓуровски

Казна за возачот кој со 203 км. на час „леташе“ на автопатот Скопје – Свети Николе

А1он

Над 5.600 уапсени во операцијата „Чистач“

Претрес во тетовско, пронајден кокаин, лишено од слобода едно лице

Јанев: Презедовме опсежна акција, претресена е нова локација, засилено е присуството на полицијата со цел конекција со граѓаните на Прилеп

Две и пол години затвор за вработената во МВР што фалсификуваше возачки дозволи