ВМРО-ДПМНЕ: Има ли Комисија за заразни болести и Министерство за здравство?

Од:

„Има ли Комисија за заразни болести и Министерство за здравство? – КОВИД убива поради неспособноста на владата. Вчера повторно бројот на заболени од КОВИД е скоро 2.000, во земјава има над 20.000 активни случаи на вирусот“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„Над 8.000 луѓе починаа откако почна пандемијата. Македонија изгуби луѓе колку што население има цел еден помал град.

Народот умираше не само како последица на состојбите кои ги предизвикува КОВИД, туку умираше и зошто немаше кој да им даде кислород, умираше и зошто доцнеа вакцини, затоа што власта бараше провизии.

Народот умира од КОВИД и затоа што владата е неспособна. Здравствените власти да се зафатат со работа, и посветено да пристапат на пандемијата. Импровизациите чинат животи“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина

Венко е сосема одлепен од реалноста, јасен му е епилогот на изборите, затоа и бега од соочување со граѓаните, реагира ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ: Бомба поради 300.000 евра провизија, ВМРО-ДПМНЕ: Не е кај полицаецот, туку кај татко му

ВМРО-ДПМНЕ: Редно е Филипче да се прибере од одморот со Заев на јахта во Грција, предолгата изложеност на сонце му предизвика сончаница и очигледна дезориентираност

На СДС и Филипче им пречи независноста и сега се против македонското знаме кое двапати го менуваа, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Скандалот со водата во Гостивар е последица на децениска негрижа на локалната власт која ја предводи СДС, заедно со ДУИ и Таравари

Катерина Ѓуровски