Нема да има летен одмор за судијата во случајот со новинарот на Нова Македонија, Томислав Кежаровски. Така одлучил претседателот на Основниот суд Скопје 1, Владимир Панчевски.
Тој за Утрински весник изјави:
„Судењето ќе почне летово по итна постапка и на него ќе бидат презентирани сите докази од обвинението кои беа поднесени деновиве“, вели Панчевски.
Сите новинарски здруженија, меѓународната федерација на новинари, новинарските здруженија од соседството, ОБСЕ, ЕУ со загриженост го следат случајот со Кежаровски.
Новинарот на Нова Македонија во притвор е веќе трет месец. Обвинет е за обелоденување на заштитен сведок пред 5 години за случајот Ореше.