(ВИДЕО) Митева: Советниците на СДСМ на сметка на Град Скопје трошеле пари за скапи порции по кафани

Од:

„Додека СДСМ блефира и манипулира со јавноста дека Македонија е најдобро рангирана според извештајот на Транспаренси интернешнал денес имаме нов доказ кој покажува зошто Македонија е повторно во групата земји со највисока перцепција за корупција во Европа“, рече Марија Митева, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

„Имено, на сметка на Градот Скопје за време на локалните избори советниците и припадници на противпожарната бригада се гоштевале по ресторани.

Се нарачувале бифтек таљати, пршути, лососи, медаљони, специјална нарачка фрути ди маре во вредност од 8.600 денари.

Според наведеното во барањето за одобрување на средства за репрезентација лицето Владимир Симоновски, командант на противпожарната бригада навел дека репрезентациите се искористени за гости од странство за цитирам: “промоција на скалата- возило”.

Или ова би подразбирало прослава за „добрата“ зделка со противпожарната скала во вредност од 1,7 милиони евра. Да потсетиме дека на социјалните мрежи се ширеа гласини дека во кризните моменти кога Македонија ја зафатија пожари на одмор беше и командирот на скопската противпожарна бригад. Владимир Симоновски ова задоволство го чинело 29.400 денари, пари од буџетската каса, пари на сите скопјани.

Исто така претседателката на Совет на Град Скопје, Љубица Јанчева за време на кампањата за локални избори, на 22 октомври, од сметка на градот троши 39.700 денари за репрезентација во еден ексклузивен угостителски објект на кејот на Вардар.

Оттука сосема јасно е зошто Македонија се наоѓа на 87то место на извештајот на Транспаренси интернешнал.

Владата на СДСМ и на локално ниво изминативе 4 години беше дел од голем број скандали, сомнителни јавни набавки и тендери во 4 очи, коруптивни зделки и злоупотреба на јавната функција.

Последица на се ова е неефикасната администрација и партизираното судство што е нотирано во извештајот на Стејт Департментот.

Ова се причините за лошите извешти кои ги добива Македонија и со СДСМ на власт Македонија ќе продолжи да нижи неуспеси на секое поле“, изјави Марија Митева, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина

Венко е сосема одлепен од реалноста, јасен му е епилогот на изборите, затоа и бега од соочување со граѓаните, реагира ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ: Бомба поради 300.000 евра провизија, ВМРО-ДПМНЕ: Не е кај полицаецот, туку кај татко му

ВМРО-ДПМНЕ: Редно е Филипче да се прибере од одморот со Заев на јахта во Грција, предолгата изложеност на сонце му предизвика сончаница и очигледна дезориентираност

На СДС и Филипче им пречи независноста и сега се против македонското знаме кое двапати го менуваа, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Скандалот со водата во Гостивар е последица на децениска негрижа на локалната власт која ја предводи СДС, заедно со ДУИ и Таравари

Катерина Ѓуровски