Чешка денеска трет ден по ред пријави рекорден дневен број на заразени со Ковид-19, имајќи предвид дека бројот на нови случаи за прв пат надмина 50.000.
Чешката Република регистрирала 54.685 нови случаи на коронавирус во изминатите 24 часа, соопшти чешкото Министерство за здравство, пренесува Ројтерс.
Тоа е речиси двојно повеќе од претходниот рекорд поставен минатата недела во оваа земја со 10,7 милиони жители.