Најмалку 35 лица загинаа во тешка автобуска несреќа во Непал.
Автобусот, кој превезувал поклоници, во најголем дел од Индија, паднал во канал за наводнување во југозападниот дел на Непал, соопшти полицијата.
Десет лица се спасени. Несреќата се случила во близина на свето за хиндусите место, на околу 100 километри југозападно од Катаманду. Автобусот бил преполн, а имало и луѓе кои седеле на покривот.