Воздухот во САД загрижувачки загаден

Од:

Во САД со денови има исклучително високо ниво на два клучни типа на загадувачи на воздухот поради климатските промени. Ова е загрижувачки тренд по децении подобрување на состојбата, од усвојувањето на законот за чист воздух во 1970 година, се наведува во магазинот „Science Advances“.

Се зголемува бројот на шумските пожари, кои станаа интензивни поради климатските промени. Поради ова и други причини, во периодот од 2000 до 2020 година, со денови има опасно ниво на приземен озон и ситни ПМ честички.

Во истражувањето се наведува дека се создаваат здравствени ризици за луѓето кои престојуваат ширум САД.

Научници проценија дека нивото на загадување е екстремно високо. Тие инсистираат дека е неопходна итна реакција, како што се спречување на негативни модели на однесување и навики на потрошувачите, како и „поагресивна“ транзиција кон обновливи извори на енергија.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Стејт департмент: Ескобар не е сменет, ќе добие нова функција во рамките на редовната ротација

САД: Судири на пропалестински протести, приведени околу 300 студенти

Земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтер го погоди Лос Анџелес

(ВИДЕО) Полицијата во САД усмрти ученик пред училиште откако доби информација дека има пиштол

Хамас: САД вршат притисок да го прифатиме договорот со Израел

А1он

Вучиќ за негодувањето на САД што нови министри се на американската црна листа: Тоа е изборот на граѓаните на Србија

Предраг Петровиќ