ВМРО-ДПМНЕ: Дали Снежана Калевска Ванчева ја злоупотребила функцијата за да нејзиното адвокатско друштво земе 55.000 евра тендери?

Од:

„Дали Снежана Калевска Ванчева ја злоупотребила функцијата за да нејзиното адвокатско друштво земе 55.000 евра тендери? Во период од 3 и пол години адвокатското друштво ДЕ ЛЕГЕ, каде сопственици се Снежана Калевска Ванчева од СДСМ и извесна Виолета Василева преку 5 државни институции по основ на месечни или повремени паушали во периодот од 2017 јуни до декември 2021 година, инкасирале околу 55.000 евра“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„Снежана Калеска – Ванчева е пратеникот од редовите на СДСМ. Па оттука прашуваме дали таа ја користела позицијата за нејзиното адвокатско друштво да добива тендери?

ДКСК треба да отвори случај во најкраток можен рок, и да утврди дали и како се кршел законот?!

Министерство за образование и наука, Национална агенција за европски образовни програми, Агенција за енергетика, Државен студентски центар и Агенција за странски инвестиции, се институциите на чии сметки е закачено адвокатското друштво ДЕ ЛЕГЕ.

Што е причината поради кое токму адвокатското друштво на Качевска Ванчева се јавува како адвокатско друштво ангажирано од споменатите институции?!“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Граѓаните да излезат на 8 ми мај и да гласаат, се работи за иднината на државата

ВМРО-ДПМНЕ: ДУИ се обидува да поткупува гласачи дури и во верски објекти

Левица: Подаваме рака до ДПМНЕ, за заедно да не ги донесеме уставните измени

СДСМ: Опасни се најавите на ДПМНЕ за блокада на европскиот пат на државата

ВМРО-ДПМНЕ: Народот сака промени, тоа го покажуваат 180 илјади гласа предност на Сиљановска пред Пендаровски

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Државата е во хаос заради ДУИ и нивните измеќари од СДС