ВМРО-ДПМНЕ: Власта е неспособна да се справи со КОВИД кризата, за еден ден над 2000 лица се позитивни

Од:

„Власта е неспособна да се справи со КОВИД кризата, за еден ден над 2000 лица се позитивни. Власта не знае како да се справува со КОВИД кризата уште од самиот почеток, прво немаше тестови, па слободни кревети во болниците, за на крај да нема вакцини“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„Во моментот во Македонија има над 20.000 активни случаи заразени со КОВИД. Цел град со големина на Кочани, Радовиш или Кавадарци е заболен од КОВИД.

Како резултат на лошиот пристап имаме над 8.000 починати од КОВИД, тоа е население колку што жители има едно Крушево, Кратово или Берово.

Потребни се итни мерки и за справување со КОВИД кризата и одговорен пристап“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски е победа за правната држава

ВИДЕО: Нема да се градат кампови за мигранти од Британија, тврди Милошоски

Катерина Ѓуровски

Конгрес на децата на Орбан, реагира СДСМ по настанот за реизбор на Мицкоски

СДСМ држи пресови за тоа кој, каде е вработен во приватни фирми, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

ФЕНИ е во целосен застој, работниците се оставени на цедило-пропаднаа ветувањата на ВМРО-ДПМНЕ, тврдат од СДСМ