„Евромерика спорт маркетинг“, овластената компанија за аналитика на ФИФА, објави дека Баерн Минхен е клубот што успеал да продаде најмногу дресови во 2021 година носејќи добар приход на клубот во ера на ковид-ограничувања и полупразни стадиони.
Баварците се на врвот во Европа со продадени 3,2 милиони дресови победувајќи ги Реал Мадрид со 3 милиони дресови и англискиот гигант Ливерпул со 2,4 милиона дресови и Манчестер јунајтед со 1,95 милион дресови. Во топ-5 е и Јувентус со 1,42 милион дресови.
По нив, во топ-10 следуваат Барселона со 1,34 милион дресови, шампиониот од ЛШ, Челси, со 1,31 милион дресови и Борусија Дортмунд со 1,18 милион. Пари Сен-Жермен можеби доби бонус со доаѓањето на Лео Меси, но продаде само 1,18 милион дресови, а Манчестер сити со 1,087 милион дресови го комплетира топ-10.