Катар би можел да пренасочи дел од испораките на гас во Европа

Од:

На Катар ќе му треба помош од САД за да ги убеди купувачите на неговиот природен гас да пренасочат дел од неговите пратки во Европа во случај на конфликт меѓу Русија и Украина што ќе ги наруши руските испораки, изјави извор запознаен со дебатата.

Пренасочувањето на дел од пратките кон Европа ќе биде тема на разговорите меѓу катарскиот емир Тамим бин Хамад ал-Тани и американскиот претседател Џо Бајден следната недела во Вашингтон, истакна еден од изворите.

Администрацијата на САД разговараше во изминатите недели со Доха и другите големи производители на енергија за да утврди дали можат да помогнат во случај Русија да ја нападне Украина, а САД потоа да воведат санкции кон Москва.

– Доха може да помогне во случај на големо глобално нарушување, како што тоа го направи во 2011 година, за време на Фукушима, рече изворот, мислејќи на несреќата во јапонската нуклеарна централа.

Доха може да испрати одреден вишок гас во Европа, но тој вишок не е голем бидејќи најголемиот дел од гасот е резервиран за испораки решени со долгорочни договори, нагласи изворот.

– САД или некој друг ќе мора да ги убеди најголемите купувачи на катарски гас да дозволат дел од нивниот гас да биде пренасочен во Европа како краткорочно решение, додаде тој.

Долгорочно Катар очекува неговиот извоз на природен гас значително да се зголеми и ЕУ мора, доколку сака сигурно снабдување, да размисли за потпишување долгорочни договори за да избегне шокови во снабдувањето, смета изворот.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Акцијата „Моби Дик“ една од најголемите во ЕУ – даночно затајување од 520 милиони евра

А1он

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Косачов: Европската Унија нема да опстане без Русија и БРИКС

Фон дер Лајен: Европа има резерви на гас и покрај уцената на Путин

Блумберг: Лидерите на ЕУ го повикаа Бајден да ја зголеми помошта за Украина пред доаѓањето на Трамп

ВИДЕО: На барање од САД, Катар го протерува Хамас

Катерина Ѓуровски