Курц основал сопствена компанија во Австрија

Од:

Поранешниот австриски канцелар Себастијан Курц основал компанија во Австрија, пишува „Кронен Цајтунг“, повикувајќи се на луѓе блиски до поранешниот канцелар.

Компанијата се вика SK Management GmbH во провинцијата Долна Австрија, област Валдфиртел, со која тој е тесно поврзан бидејќи неговите баба и дедо се од таму.

Курц е управен директор и единствен акционер на неговата компанија. Капиталниот влог изнесува 35.000 евра. При основањето на компанијата, како нејзина дејност е наведено „поседување и управување со акции, обезбедување услуги за управување и консалтинг за менаџмент“.

Претходно беше објавено дека Курц во февруари ќе почне да работи во САД за соработникот на милијардерот Доналд Трамп и инвеститор Питер Тиел, каде неговиот годишен приход може да надмине 500.000 евра.

И покрај работата во САД, наведува „Кронен Цајтунг“, на Курц му е потребна сопствена компанија за други деловни потфати, како на пример ако сака да инвестира во стартапи или да заработи пари од платени предавања.

Во октомври 2021 година, Себастијан Курц поднесе оставка како канцелар поради антикорупциска истрага, а во декември го објави своето конечно повлекување од политиката.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Фон дер Лајен: Европа има резерви на гас и покрај уцената на Путин

Русија ја прекина испораката на гас за Австрија поради спор околу плаќањето

Горан Наумовски

Пронајдено телото на двојниот убиец од Австрија по кого полицијата трагаше со денови

А1он

Пронајден е автомобилот на убиецот Роланд Дрекслер, полицијата интензивно трага по него

Австриската полиција трага по убиецот на градоначалникот на општина Кирхберг

Убиство во Австрија: Ловџија усмрти градоначалник