„Билд“: САД со нови санкции против Русија доколку ескалира ситуацијата во Украина

Од:

САД предложија нови санкции против Русија во случај на ескалација на ситуацијата во Украина. Тие се однесуваат на ограничувањата на извозот на суровини и оружје и ограничувања на дипломатските контакти, пишува „Билд“, повикувајќи се на сопствени извори.

Според весникот, планот за санкции, претставен во Берлин, го подготвил шефот на ЦИА Вилијам Барнс. Планот на западните сојузници им го „објаснил“ американскиот државен секретар Ентони Блинкен. Станува збор за „блокирање на руските трговски патишта низ светот“, блокирање на снабдувањето со суровини од Русија, „прекин на патиштата за снабдување“ и „драстично намалување на персоналот на руските амбасади во западните земји“.

Очекуваната економска штета за Русија од воведувањето на овие санкции се очекува да достигне 50 милијарди долари, објави „Билд“.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

САД: Судири на пропалестински протести, приведени околу 300 студенти

Смирнов ја повика Русија да отвори истрага против Зеленски за тероризам

Кулеба: Повеќе од половина од енергетскиот систем на Украина е оштетен во нападите на руските сили

Земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтер го погоди Лос Анџелес

(ВИДЕО) Полицијата во САД усмрти ученик пред училиште откако доби информација дека има пиштол

Хамас: САД вршат притисок да го прифатиме договорот со Израел

А1он