Најмалку седум мигранти на брод на пат кон медитеранскиот остров Лампедуза починале од хипотермија, соопшти денеска италијанската новинска агенција АНСА.
Крајбрежната стража во текот на ноќта забележала брод на 59 километри од брегот на Лампедуза и на него пронашла три тела, додека останатите четири лица починале набргу по закотвувањето во пристаништето, пренесува АНСА.
Градоначалникот на Лампедуза, Салваторе Мартело, го потврди билансот на починати, додавајќи дека бродот превезувал 280 мигранти, главно од Бангладеш и Египет.
Италија, главната рута кон Европа за многу баратели на азил и други мигранти, забележа пораст на бродовите со мигранти во последните месеци.
Според италијанската влада, до 24 јануари годинава во италијанските пристаништа пристигнале 1751 мигрант.
Извор: МИА