(ВИДЕО) Стоилковски: Дали во случајот нарко лабораторија во Визбегово е вмешан братот на шефот на кабинет на Ковачевски?

Од:

„Полицијата на Оливер Спасовски спроведува акција за борба против за дрогата, открива и влетува во лабораторија, сето тоа видео го документира и видеото се пушта во медиумите како успех, за веднаш потоа да се изгуби трага од случајот во Визбегово“, рече Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

„Видеото зад мене е полициската снимка објавена во медиумите. Односно, да се сокрие понатамошниот процес за трите лица фатени во акција, фактички е она денес и вчера го поставуваме како прашање до власта.

Причината за криењето лежи во презимето на главниот во фатената група – Попов, кој што според информациите е братот на шефот на кабинетот на Ковачевски, Мартин Попов!

Дали таа братска врска беше пресудна наместо активен, да има домашен притвор за групата, иако постоело опасност од бегство и повторување на делото според ЈО?

Дали братската врска била пресудна за одолговлекување на домашниот притвор за да се скрати времето минато во затворска ќелија, можеби, за братот на шефот на кабинет на Димитар Ковачевски?

И конечно, дали братската врска била пресудна за медиумско забошотување на случајот нарко-лабораторија во Визбегово.

Несвојствено за дела според КЗ, член 2015 – неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, беше определен домашен притвор, а по година и пол нема информација за судска разрешница за трите лица меѓу кои и за И.П. – брат на шефот на кабинет на Димитар Ковачевски.

Наместо да се сокрива зад паушални и празни соопштенија, СДСМ, владата, но и судските власти мора да одговорат, бидејќи станува збор за прашање од јавен интерес – дали во случајот Лабораторија во Визбегово е вмешан братот на шефот на кабинет на Ковачевски, дали случајот сѐ уште тапка во место и доколку има судска разрешница, документирано да ја докажат таа судска разрешница?

Сѐ поинаку не може да се гледа поинаку од доказ за партиско и владино влијание врз судот!“, изјави Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Кузеска: За хаосот во Скопје најголема вина имаат Мицкоски и ДПМНЕ

Петрушевски: Бизнис интересот на СДС и ДУИ направи граѓаните да плаќаат поскапа струја

ВИДЕО: За малку тепачка во Собрание меѓу Апасев и пратениците на ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Тренчевска: Кошничката е прескапа, ДПМНЕ да прифати 0% ДДВ на храна и минимална плата 450

СДСМ бара Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ да се вразумат и понуди предлози за решавање на кризата во Скопје

СДСМ: Малодушноста на ВМРО-ДПМНЕ блеска посилно од кога било