Милошоски: Османи да ги достави македонските одговори на бугарските барања

Од:

Со писмо упатено до министерот за надворешни работи бараме да дојде пред Комисијата за надворешна политика во Собранието и да ни ги достави одговорите кои што македонската страна ги има испратено до официјална Софија за таканаречениот план 5+1, рече на денешната прес-конференција во Собранието, Антонијо Милошоски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

Милошоски посочи дека ваквото барање произлегува од фактот што сметаат дека не е демократски пратениците во софиското Собрание да го знаат она што македонските пратеници не го знаат.

„Македонската јавност има право преку претставниците во Законодавниот дом да дознае за што се работи“, нагласи претставникот на ВМРО-ДПМНЕ кој јавно запраша и дали има нешто што се крие.

„Ова барање го претставувам денес јавно и од една дополнителна причина, бидејќи министерот за надворешни работи Бујар Османи, иако е скаран со неговиот колега Никола Димитров, сепак минатиот декември покажа дека имаат исти навики. Минатиот декември му доставивме барање да се обрати пред Комисијата за надворешна политика, но за жал истото го игнорираше и не се појави, а е негова законска обврска. Затоа сметам дека со порака преку јавноста, покрај вака со писмено барање, ќе успееме да ги доведеме министрите во Собранието каде што имаат законска надлежност да дадат отчет за нивната работа“, посочи Милошоски.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски е победа за правната држава

ВИДЕО: Нема да се градат кампови за мигранти од Британија, тврди Милошоски

Катерина Ѓуровски

Конгрес на децата на Орбан, реагира СДСМ по настанот за реизбор на Мицкоски

СДСМ држи пресови за тоа кој, каде е вработен во приватни фирми, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

ФЕНИ е во целосен застој, работниците се оставени на цедило-пропаднаа ветувањата на ВМРО-ДПМНЕ, тврдат од СДСМ