ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Ковачевски не беше во изолација кога се тестирал за Ковид, ќе има ли кривична одговорност за Зечевиќ за ширење на зараза?

Од:

„Зошто Ковачевски не беше во изолација кога се тестирал за Ковид, ќе има ли кривична одговорност за Зечевиќ за ширење на зараза Според укажувањата на директорката на Центарот за јавно здравје Бухова секој кој се тестира поради Ковид треба да оди во изолација, аналогно на тоа зошто Димитар Ковачевски не беше во изолација при тестирање за Ковид кое е неопходно за патувањето во Бугарија“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„Тој морал за таков ПЦР тест да се тестира најдоцна во неделата, кога наместо во изолација беше пред камери и се сликаше на настани.

Направи ли Ковачевски воопшто ПЦР тест за да патува во Бугарија? Зошто беше хајката против Пецаков, а властите молчат за Ковачевски?

Зошто СДСМ го крие позитивниот тест на генералниот секретар Миле Зечевиќ кој од 20ти е заразен со корона, а ден претходно сиреше зараза во Охрид на празникот Водици и не се придржуваше до препораките за носење на маска.

И Ковачевски и Зечевиќ ги изложиле на ризик граѓаните. Ќе има ли конечно кривична одговорност за Зечевиќ“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Ќе бега ли сега Груевски во Русија, кога ќе има барање за екстрадиција

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски