ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски продолжува со предавничката политика на својот ментор

Од:

„Пиунот Ковачевски продолжува таму кај што застана Заев. Тој верно ја продолжува предавничката политика на својот ментор. Отиде во Бугарија без да изусти ни збор пред домашната јавноста за основното прашање, што содржи пакетот одговори 5+1 кој што го предале на Бугарија“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„На чесен збор на поклоник на Заевизмот не му се верува, а таков е пиунот Ковачевски. Тој е должен пред македонската јавноста да каже што содржат одговорите кои се доставени до Бугарија, особено ако се има предвид дека Артан Груби најави дека се удобни за бугарската страна.

Наместо претстава и глума, народот треба да знае со какви позиции настапува пиунот Ковачевски во Софија по однос на македонскиот јазик, историја и идентитет. Пазарџиството со ваквите прашања се својствени за заевизмот, од каде што произлегува и самиот Ковачевски. Впрочем кога и еден кариерист како Димитров говори дека се подготвуваат нови отстапки на сметка на Македонија, тогаш сликата за надворешната политики на Ковачевски станува целосна.

Молкот и нетранспарентноста на владата само говори дека се пакува нов пораз за Македонија и македонскиот народ. Очигледно заевизмот е најголемиот противник на македонските позиции и тој мора да биде поразен на предвремени парламентарни избори час поскоро“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Нема договор за Изборниот Законик, опозицијата блокира со илјадници амандмани

Катерина Ѓуровски

Милошоски: Левицата не сака да го потпише предлогот за измени на Изборниот законик, ќе биде поднесен амандман за парите за изборно рекламирање

Тренчевска: Две години Влада на Мицкоски, нема повисоки плати, нема подобар стандард- нула исполнети ветувања

Куповната моќ на граѓаните е драстично зголемена, платите растат побрзо од цените, се пофали ВМРО-ДПМНЕ

Петрушевски: Трпе Деаноски од УПОЗ за луксуз и спортски игри во Црна Гора потрошил над 60.000 евра, пари на синдикалците од чланарина

Манасиевски: Филипче преку Рубин Земон во директна соработка со Виктор Стојанов кој е персона нон грата во Македонија

Катерина Ѓуровски