Американскиот претседател Џо Бајден беше фатен како пцуе на настан во Белата куќа, откако новинар на Фокс њуз го праша за влијанието на зголемената инфлација врз овогодинешните конгресни избори.
Напуштајќи го состанокот на Бајден, дописникот на Фокс од Белата куќа Питер Дуси довикна дали може да постави прашање за инфлацијата и дали тоа е политичка одговорност.
„Тоа е голема предност, поголема инфлација“, саркастично одговори Бајден, веројатно несвесен дека неговиот микрофон сè уште е вклучен.
„Каков глупав кучкин син“, додаде тој.