Градот Скопје информира дека продолжува со интензивно чистење на дивите депонии низ градот.
– Денеска на мајор коритото на реката Вардар во населбата Горно Лисиче во општина Аеродром во близина на железничкиот мост, службите на Градот Скопје со десетина камиони и механизација успешно исчистија дива депонија по должината на кејот. Станува збор за исчистена површина од 2000 квадратни метри, а беа собрани 250 кубни метри смет, кабаст и градежен шут, соопшти Град Скопје.
Градоначалничката Арсовска изврши надзор над работата, а беа истакнати и останати локации каде што е потребно интервенција на службите на градот и јавните претпријатија. Градот Скопје ги охрабрува граѓаните да ги пријавуваат дивите депонии, се со цел нивно отстранување за превенирање на можностите на загадување на воздухот, почвата и водата, со што директно се влијае на отстранување на еден од причинителите кој придонесува за нарушување на здравјето на скопјани, се додава во соопштението на Град Скопје.