Демократски сојуз: Никој од ДС не бил корисник на повластени карти за паркирање

Од:

„Само луѓе со криминален ум може да прават монструозни конструкции и да обвинуваат без ниту еден факт и доказ дека некој правел злоупотреби и криминал. Членови и активисти на ВМРО-ДПМНЕ се конструктори на ексел табели со вградување на лажни податоци или злоупотреба на податоци од редовната активност на компанијата“, соопштува Демократски сојуз.

„Никој од Демократскиот сојуз не бил корисник на повластени карти за паркирање, ниту пак на било кој начин Демократскиот сојуз посредувал или влијаел некој да биде повластен при користење на паркинг место.

Лицата кои ги спомнува ВМРО-ДПМНЕ, oд ДС, како повластени, сите се вработени во ЈП Паркинзи и имаат бесплатен паркинг, како што тоа е и сега со одлука на новиот директор поставен од ВМРО-ДПМНЕ.Инаку во ЈП Паркинзи се вработени над 270 лица претпријатието има законска обврска голем дел на возила да ги ослободува од плаќање на паркинг, кои исто така се злоуптребени.

Демократскиот сојуз никогаш досега не го оштетил Буџетот на РСМ и тие обвинувања се несериозни и злонамерни.

Нема да ви поминат лагите, поготово што, кога бевте на власт, најмногу привилегии имавте обезбедено за вас,за раководството на ВМРО-ДПМНЕ, преку вашите инсталации и тоа на криминален начин, но тие податоци и имиња ги сокривате.

Додека ВМРО-ДПМНЕ беше на власт во Градот Скопје, за 500 денари овозможуваше паркирање за советници во Град Скопје и други лица, а оваа одлука СДСМ ја промени, при што цената ја зголеми на 10.000 денари.

Со вакви конструкции многумина завршија во затвор , ете затоа бараме повторување на постапката за монтираните политичко-судски процеси, за никогаш да не се повтори истото.

Демократскиот сојуз нема понатаму да учествува во ова лукративна драмолетка“, се наведува во соопштението на Демократски сојуз.

Би можело да ве интересира

ДС: Во прва фаза поминаа законите за една изборна единица и за формирање Агенција за борба против тешки облици на организиран криминал

Ана Ололовска

ДС: Идејата за широка коалициска Влада ќе доживе колапс, треба да се одржат предвремени парламентарни избори

Ана Ололовска

Павле Трајанов: Се отвора расправа за една Изборна единица

Ана Ололовска

Павле Трајанов: Со една изборна единица ќе зајакнат демократијата и одговорноста

Ана Ололовска

Демократски сојуз: Со законите кои ги предлага Владата ќе се легализира грабежот

Горан Наумовски

Демократски сојуз: Оставка на членовите на Републичкиот судски освет

Катерина Ѓуровски