Француски војник загина во минофрлачки напад врз база во Мали, соопшти денеска армијата. Според соопштението на француската армија, 24-годишниот артилериец Александар Мартин служел во операцијата на француските сили против бунтовниците. Во соопштението се наведува дека војникот Мартин бил тешко ранет и подоцна починал.
Наведено е и дека уште девет војници биле полесно повредени.
Во изјавата, францускиот претседател Емануел Макрон ја поздрави службата на војниците и ја повтори „решителноста на Франција да ја продолжи борбата против тероризмот во регионот, заедно со своите партнери“.
Извор: МИА