Од Кабинетот на Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов излегоа со демант на тврдењето на Тито Петковски дека претседателот Иванов изјавил дека Република Македонија во 2008г. пред Самитот на НАТО во Букурешт прифатила конкретен предлог од медијаторот Нимиц.
Претседателот Иванов во својот говор пред лидерите на состанокот на Брдо процесот во текот на вчерашниот ден изјави дека непосредно пред Самитот на НАТО во Букурешт во 2008 година, прифативме конкретен предлог од медијаторот Нимиц. Предлог, за кој, доколку беше прифатен од Грција, ќе се произнесеа и македонските граѓани на референдум. Но, бевме блокирани.
Во прилог е интегралниот говор на претседателот Иванов, кој исто така можете да го најдете на официјалната интернет страница на претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов.
Оттука, Кабинетот на претседателот на Република Македонија е згрозен од изјавата на г. Тито Петковски кој сакаше да манипулира со македонската јавност, уште повеќе кога се работи за чувствително прашање од највисок национален интерес за Република Македонија.
Бараме јавно извинување од претседателот на политичката партија НСДП г. Тито Петковски.