Во Осло разговори со талибанците за „промена на воената атмосфера“ во Авганистан

Од:

Талибанска делегација синоќа пристигна во Норвешка на тридневни разговори со западни дипломати и претставници на авганистанското граѓанско општество, со надеж, според нивниот портпарол, „да се смени милитантната атмосфера“ во земјата.

Според фотографиите на весникот Верденс Ганг (ВГ), на меѓународниот аеродром во Осло синоќа слетал авион изнајмен од норвешката Влада со петнаесет претставници на исламистичката влада.

Делегацијата, целосно составена од мажи, ја предводи министерот за надворешни работи Амир Кан Мутаки.

Во центарот на преговорите ќе бидат хуманитарната криза во Авганистан и почитувањето на човековите права, особено на жените, како услов за евентуално враќање на меѓународната помош, која финансира 80 проценти од буџетот на Авганистан.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Авганистан: Талибанците со закон им забранија на жените да зборуваат јавно

Авганистанска брачна двојка си ја уби 15 годишната ќерка во Германија: Брутално претепана и удавена

Во и поплавите во Авганистан загинаа најмалку 50 лица

Тројца шпански туристи загинаа во Авганистан

Горан Наумовски

Девет деца загинаа откако експлодираше нагазна мина во Авганистан

Силен земјотрес го погоди Авганистан