(ВИДЕО) Кузеска: Пензиите продолжуваат да растат, го штитиме економскиот стандард на граѓаните

Од:

„Владата предводена од СДСМ и премиерот Димитар Ковачевски остануваат посветени на заштита на животниот стандард на сите граѓани. Растот на пензиите ќе продолжи и оваа година. Покрај законското усогласување кое редовно се исплаќа два пати во годината, за јануари и јули, се прават последните подготовки за посебно, дополнително зголемување на пензиите“, рече Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.

„Тоа значи дека околу 330.000 пензионери ќе имаат повисоки месечни примања, што е особено важно ако се земе предвид енергетската криза и последиците од неа врз животниот стандард на граѓаните.

Фондот за пензионско осигурување е во стабилна финансиска состојба и подготвен да издржи дополнително зголемување на пензиите.

Според официјалнте податоци, приходите на ПИОМ за 2021 година се зголемени за 1,3 милијарди денари, финансиската состојба е стабилна а пензиите се исплаќаат непречено, дури и пред време.

Дека и покрај енергетската криза, економијата е стабилна покажува и податокот за раст на просечната плата, која во ноември 2021 година изнесува 29.130 денари, односно е за 5.6 отсто повисока од истиот месец од 2020 година.

Владата предводена од СДСМ продолжува со мерки и политики кои значат повеќе пари кај граѓаните и зајакнување на нивниот економски стандард.

Покрај субвенциите за сметките за електрична енергија за 7.500 семејства, во подготовка е нов сет на мерки за помош и поддршка на граѓаните и стопанството за надминување на негативните последици од кризата“, изјави Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Граѓаните да излезат на 8 ми мај и да гласаат, се работи за иднината на државата

(ВИДЕО) Ковачевски: СДСМ мора да биде силна во Собранието, преголема моќ кај ДПМНЕ ќе значи и крај на нашите ЕУ перспективи

А1он

(ВИДЕО) Ковачевски: Најлесно е да се гласа против, само со глас За може да одиме напред кон просперитет

А1он

Битиќи: Први во регионот според слободата на медиумите – затоа да гласаме за бројот 1

А1он

(ВИДЕО) Стевановиќ и Маричиќ: Реформите ни носат системски промени и европски фондови

А1он

ЗНАМ: Квази социјалдемократот Филипче е еден од најодговорните за состојбата во СДСМ

А1он