ВМРО-ДПМНЕ: Имаме најголема доверба меѓу граѓаните, затоа Ковачевски бега од избори

Од:

„ВМРО-ДПМНЕ со најголема доверба помеѓу граѓаните, затоа администраторот на владата водена од ДУИ, Ковачевски, бега од избори. Според анкетите ВМРО-ДПМНЕ води со 22.5% пред СДСМ со 17.9%. Довербата на граѓаните во ВМРО-ДПМНЕ константно расте, додека за СДСМ паѓа“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски има најголема поддршка кај граѓаните споредено со сите политичари во Македонија.

Претседателот на ВМРО ДПМНЕ Мицкоски ја ужива довербата на 17.7% од граѓаните, наспроти Димитар Ковачевски кој го поддржуваат само 5.5%.

Ковачевски ги знае анкетите и тенденциите на јавноста, дека поддршката за СДСМ е во константен пад и затоа бега од избори.

Ковачевски нема легитимитет, а нема ниту СДСМ, затоа треба да има нови предвремени парламентарни избори час поскоро.

ВМРО-ДПМНЕ во таа насока идната недела ќе предложи до собранието измени на Изборниот законик, што ќе значи укинување на техничката влада пред избори, со цел да се скратат роковите и да можеме да одиме што побргу на избори, од 45 до 60 дена како што е уставно пропишано. Воедно ВМРО ДПМНЕ е подготвено да разговара и за барањето за една изборна единица“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Граѓаните да излезат на 8 ми мај и да гласаат, се работи за иднината на државата

ВМРО-ДПМНЕ: ДУИ се обидува да поткупува гласачи дури и во верски објекти

Левица: Подаваме рака до ДПМНЕ, за заедно да не ги донесеме уставните измени

СДСМ: Опасни се најавите на ДПМНЕ за блокада на европскиот пат на државата

ВМРО-ДПМНЕ: Народот сака промени, тоа го покажуваат 180 илјади гласа предност на Сиљановска пред Пендаровски

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Државата е во хаос заради ДУИ и нивните измеќари од СДС