Телефонски разговор Блинкен – Кулеба

Од:

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска оствари телефонски разговор со министерот за надворешни работи на Украина, Димитриј Кулеба, фокусиран на руското воено натрупување на украинската граница.

Во текот на разговорот, секретарот го брифираше министерот за средбите со сојузниците и со руски официјални лица неделава во Берлин и Женева, истакнувајќи дека каков и да било упад на руска војска би бил пресретнат со брз, жесток и обединет одговор од САД и сојузниците, соопшти портпаролот Нед Прајс.

-Државниот секретар повторно истакна решителната поддршка на САД за суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина и укажа дека нема да се донесе одлука за Украина без Украина, изјави Прајс.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Блинкен: Путин ја уништи Украина, Русија мора да плати

(ВИДЕО) Шефовите на американската и украинската дипломатија јаделе пица во ресторан во Киев

Блинкен: Имаме докази дека Кина се обидува да се меша во нашите претседателски избори

Авионот на Блинкен приземјен поради дефект, тој продолжил кон Брисел со автомобил

Блинкен не можеше да се врати од Давос поради истекување на кислород во авионот

Блинкен и Лавров се разминаа во Скопје, САД и Русија спротивставени за иднината на ОБСЕ, за Украина, Балканот