Најголемиот број Британци верува дека вредело организирањето на Олимпијадата во Лондон

Од:

Повеќе од две третини од Британците смета дека вредело организирањето на Олимписките Игри во Лондон, за кои се потрошени безмалку девет милијарди фунти.

Истражувањето што го направи агенцијата Комрес покажува дека 74 отсто од луѓето во Велика Британија нема ништо против што трошоците за Олимпијадата, на крајот, беа дури повеќе од три пати поголеми од првичните. Кога Лондон ја доби организацијата за својата трета Олимпијада, во јули 2005 година, трошоците за Игрите, се проценуваа на 2,4 милијарди фунти.

На крајот, сметките покажаа дека летната Олимпијада и Параолимписките игри ги чинеа Лондон и Велика Британија 8,77 милијарди фунти.

Една година по затворањето на Игрите, Британците веруваат дека вределе парите што се вложени во „најголемата претстава во светот“. Поддршката за Олимпијадата сега дури е поголема, отколкуминатата година во ова време, на еден ден пред свеченото отворање.

Едно владино истражување покажа дека ползата од Игрите за британската економија изнесува безмалку десет милијарди фунти.

Дел од домашната политичка јавност не верува во овој показател за корисноста и исплативоста на Олимпијадата, но луѓето, сепак, го одобруваат сето она што е напрвено и веруваат во ползата од Игрите.

Во Шкотска, 27 отсто од анкетираните смета дека Олимпијадата во Лондон помогнала за потикнување на спортските активности и за изградбата на објекти за спортување.

Во Северна Ирска вака размислуваат 39 отсто од луѓето, додека во Велс 36 отсто. Еден од четворица млади Британци, на возраст меѓу 18 и 24 години тврди дека сега повеќе спортуваат, отколку пред една година или пред тоа и сметаат дека заслуга за тоа е минатогодишната Олимпијада.

Лондон е единстениот град во светот кој бил домаќин на три Олимписки Игри, во 1908, во 1948 и во 2012 година.

Би можело да ве интересира

Полска сака да биде домаќин на Олимписките игри во 2040 или 2044 година

Ватерполистите на Србија ја победија Америка и се пласираа во финалето

Ѓоковиќ го освои олимпиското злато и ја комплетираше колекцијата на најголемите тениски трофеи

Предраг Петровиќ

Леброн Џејмс сака да игра на Олимпијадата во Париз – ќе го предводи дрим-тимот

Олимпиското злато и беше одземено на Русинка и доделено на Американка

А1он

Спортистите од Русија и од Белорусија ќе добијат забрана и за Олимписките Игри во Париз?