Уставниот совет на Франција попладнево ја потврди употребата на пропусницата за вакцинација, „со наложување таа да се прекине веднаш штом повеќе не е потребно“, јави дописникот на МИА.
Од друга страна, тој ја цензурираше употребата на здравствената пропусница на влезот на политичките митинзи и состаноци. „Мудреците“ од Уставниот совет извршија строго испитување на пропорционалноста помеѓу уставното начело за заштита на здравјето и „правото на почитување на приватниот живот загарантирано со член 2 од Декларацијата од 1789 година, како и правото на колективно изразување на идеи и мислења кои произлегуваат од член 11 од оваа декларација“.
Уставниот совет нагласува дека „слободата на изразување и комуникација, од која произлегува правото на колективно изразување на идеи и мислења, е уште поскапоцена со тоа што нејзиното остварување е услов за демократијата и една од гаранциите за почитување на другите права и слободи. “. Начин како и секој друг за да се потсетиме од самиот почеток дека Франција влегува во важна изборна кампања.
Уставните судии сметаат дека законодавецот за да ја наметне употребата на пропусницата за време на политичките митинзи, требало повеќе да се ограничи временски и просторно. Покрај тоа, тој го критикува дека не ја подложил нејзината употреба на „интерес на јавното здравје и со единствена цел да се бори против епидемијата на Ковид-19, ниту на она што здравствената ситуација (…) во однос на вирусната циркулација или нејзината последица врз здравствениот систем“.
Извор: МИА