Владата најактивна македонска институција на Твитер

Од:

Владата на Република Македонија е најактивна македонска институција на Твитер. Освен Владата, која е рангирана на 49-то место, другите институции од Македонија воопшто не се категоризирани на првите 50 позиции во истражувањето „twiplomacy” што го спровела компанијата „Вurson-marsteller“.

Владата, иако е најактивна македонска институција на Твитер, сепак, не успеа да се рангира во некоја од категориите во истражувањето како што се „50 лидери со најголем број следбеници“ и „50 лидери што најмногу комуницираат преку Твитер“.

Студијата покажува дека речиси 78% од светските лидери имаат Твитер акаунт, а 68% се поврзале со своите колеги на Твитер.

Според годинашната глобална студија „twiplomacy”, американскиот претседател Барак Обама и натаму е најследениот светски лидер на Твитер со повеќе од 33 милиони следбеници. Но, иако речиси третина (148) од светските лидери и влади го следат твитерот на Барак Обама, тој не е најдобро поврзан лидер.

Папата Френсис е вториот светски лидер со најголем број следбеници, со повеќе од седум милиони Твитерџии на неговите девет различни акаунти.

Турскиот претседател Абдула Ѓул и премиерот Реџеп Таип Ердоган се меѓу петте светски лидери со најголем број следбеници, повеќе од 3.4 милиони секој од нив.

Шведскиот министер за надворешни работи Карл Билд, пак, е најдобро поврзаниот светски лидер кој го следат 44 пеери.

Студијата покажува дека Твитер стана импресивна комуникациска алатка за светските лидери. Сите 45 европски влади имаат официјално присуство на Твитер. Во Јужна Америкаљ, сите држави, освен Суринам, имаат официјално Твитер присуство. Во Северна Америка, Азија и Африка, 79%, 76% и 71% од сите влади имаат Твитер акаунт. Само третина (38.4%) од сите влади во Пацификот користат micro-blogging услуги.

Податоците користени во студијата се земени во јули 2013 година од акаунтите на 505 шефови на држави и влади, министри за надворешни работи и нивните институтици во 153 држави во светот.

Би можело да ве интересира

Митева: Кабинетот на премиерот е во континуирана комуникација со семејствата на настраданите во пожарот во Кочани

А1он

Мицкоски: Следната недела ќе бидат именувани новите министри во Владата

ВМРО-ДПМНЕ: Владата презема конкретни чекори за подобрување на економската состојба на граѓаните

Гаши: Мнозинството останува стабилно, Владата и парламентарното мнозинство ќе работат со полн капацитет

(ВИДЕО) Филипче: Историски се задолжуваме за шест милијарди евра, Владата крие детали

Касами е категоричен дека нема преговори за рокади со министерствата