ФК Работнички ќе биде првиот професионален фудбалски клуб во светот кој ќе чекори и во светот на НФТ. Со ова клубот ја отвори ширум портата кон дигиталната сфера. Светски познато име е амбасадор и поддржувач на овој проект информираат од клубот.
-Голема чест за ФК Работнички е да објави дека амбасадор на клубот, како и на НФТ К-клуб, ќе биде Дејан Петковиќ Рамбо, прославениот српски фудбалер кој буквално е славен како фудбалско божество во Бразил. Работнички гордо стои како предводник на револуционерните промени во фудбалскиот свет, како и во НФТ просторот! Со помош на ФК Работнички, а овозможено со НФТ технологијата, реалните фудбалски операции ќе бидат достапни за привилeгираните членови на дигиталната заедница., се вели во соопштението од ФК Работнички.