Калифорнија најверојатно ќе дозволи вакцинација на децата над 12 години без согласност на родителите најави сенаторто Скот Винер.
„Алабама дозволува вакцинација кај деца над 14 години, Орегон над 15, а Јужна Каролина од 16 години“ – вели демократскиот сенатор.
Во Калифорнија е дозволена вакцинација на деца од 12 години и повозрасни против Хепатитис Б и портив ХПВ како и лечење на сексуално проеносливи болести.
„Ова е можност младите луѓе да имаат право да се вакцинираат без разлика на убедувањата на нивните родители. Не е во ред тинејџерите да не може да се вакцинираат затоа што тоа не го сакаат нивните родители“ – вели Винер.
Малолетниците од 12 до 17 години во Калифорнија можат да се вакцинираат само со согласност на родител или старател, освен ако не се работи за вакцинација против сексуално преносливи болести.