Прегазената девојка е од Радовиш, нејзиното момче е префрлено во болница

Од:

Девојката која загина откако беше прегазена на пешачки премин кај Сити мол била од Радовиш и имала 24 години. Со неа било нејзиното момче, исто така од Радовиш. Тој е пренесен во ГОБ 8-ми Септември.

Возачот на џипот кој ги прегазил е 21 годишно момче од Скопје, кое по сообраќајката не излегло од своето возило.

Полицијата испрати соопштение по несреќата во кое информира дека во 19 часот и 44 минути било пријавено дека на ул.Московска со бул.Партизански Одреди се случила сообраќајна незгода.

Не е познато што ќе се случи со момчето кое ја предизвика сообраќајната несреќа во која загина девојката.

Би можело да ве интересира

Таткото на загинатата Викторија до судиите: Ја убивте вие повеќе од убиецот, кого го направивте жртва

Кристијан Ландов

Апелација одлучи возачот кој ја прегази Викторија кај „Сити мол“ да лежи четири години затвор, наместо три

Кристијан Ландов

ВИДЕО: Пијаница со 150 км/ч ми го уби детето, издржа казна четири години и излезе, каде јас да барам правда, праша мајка на протестот пред судот

Маја Илиевска-Пачемска

Вложена жалба на пресудата за тешката сообраќајна несреќа во скопски Карпош

Ана Ололовска

Сестрата на загинатата Викторија: Срамота за судот, имате ли барем грам човечност?

Кристијан Ландов

Протест пред Кривичен в петок, поради тригодишната казна за возачот кој ја усмрти Викторија

Кристијан Ландов