Луфтханза го загуби спорот за државна помош за аеродром

Од:

Германската авиокомпанија Луфтханза го загуби долгогодишниот спор околу милиони евра државна помош за регионалниот аеродром во Рајнланд-Фалц.

Европскиот суд на правдата (ЕСП) денеска ја отфрли жалбата на германската авиокомпанија против пресудата на Генералниот суд дека Европската комисија правилно одлучила дека кредитната линија од 45 милиони евра доделена на аеродромот Франкфурт-Хан не ја нарушува фер конкуренцијата.

ЕСП потврди дека државната помош за аеродромот не и наштетила на Луфтханза и ѝ наложи на Луфтханза да ги плати трошоците за постапката на Рајнланд-Фалц и на Европската комисија.

Аеродромот добиваше помош од 2009 до 2011 година, а Брисел ја одобри во 2014 година.

Авиокомпанијата лета само повремено од аеродромот Франкфурт-Хан а субвенцијата ја критикуваше затоа што била во корист на нејзиниот нискобуџетен конкурент Рајанер.

Компанијата покрена низа судски процеси за државна помош за Франкфурт-Хан и некои доби, а некои загуби.

Поранешниот воен аеродром поднесе барање за стечај во октомври минатата година.

Во 2017 година, кинескиот конгломерат ХНА купи 82,5 отсто од акциите во Франкфурт-Хан од покраината Рајнланд-Фалц за околу 15 милиони евра. Останатите 17,5 отсто сè уште ги држи соседната сојузна покраина Хесен, каде што се наоѓа градот Франкфурт.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Шпигел: Пратениците на СПД не го сакаат Шолц за кандидат за канцелар туку Писториус

Захарова ја повика Германија да го укине статусот на почесен граѓанин на нацистите

Горан Наумовски

Германија има хроничен недостиг од возачи на камиони: „Ни требаат уште 100.000“

Шолц ќе побара гласање за доверба на владата на 11 декември

Малолетник планирал терористички напад во Германија: Сакал да го спроведе пеколниот план за време на божиќните празници

Марија Захарова: Политичкиот систем на Германија е класична „банана република“