Во шест општини во Албанија, предвремени избори на 6 март

Од:

Албанскиот претседател Илир Мета потпиша уредба, со која на 6 март годинава ќе бидат спроведени предвремени локални избори за градоначалник во шест општини.

Оценувајќи го овој датум како многу важен момент посакува „овој процес да биде пример за доверба во демократијата и слободното гласање“.

-Ја потпишав уредбата за предвремени избори во шест општини, вклучувајќи ја и општина Скадар, каде сум денес. Шести март е важен момент за враќање на слободното гласање во земјата. Во демократија гласот е вистинската сила на граѓанинот и не треба да се изгуби можноста граѓаните да ја покажат својата волја и да го изберат најдобриот кандидат кој во иднина ќе ја води нивната општина, рече Мета.

Предвремени избори за градоначалник ќе има во Скадар, Пешкопеја, Драч, Вора, Лушња и Рогожина.

На редовните локални избори, одржани на 30 јуни 2019 година, кои ги бојкотираше тогашната обединета опозиција, предводена од Демокркатската партија, во дури 60 за градоначалници беа избрани кандидатите на владејачката социјалистичка партија, освен во една, општина Финиќ, населена со припадници на грчкото малцинство, каде градоначалник е од редовите на нивната партија МЕГА.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Обвинение против сопругот на Алма која со децата се удави во реката Бојана

Пронајдено е телото на второто девојче кое со мајката скокна во река

Бугарската амбасада во Албанија донираше во општина Пустец: „Секоја донација без задни намери е добредојдена“

А1он

Македонците, заедно со Власите, Ромите и Египќаните бараат гарантирани пратенички места во албанскиот парламент

Молотови коктели на протест во Тирана

Истрагата за двојно убиство во Албанија се проширува во Македонија, уапсен за дрога во Прилеп контактирл со убиените

Катерина Ѓуровски