ФОТО: Цвеќе за загинатите од земјотресот во Скопје

Од:

Денеска, на градските гробишта во Бутел, официјални странски и домашни делегации положија цвеќе пред споменикот на загинатите од земјотресот во Скопје, што се случи пред точно педесет години.

Во чест на загинатите, венец положи и официјална делегација на Град Скопје, предводена од градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски и претседателот на Советот на Град Скопје, Ирена Мишева.

polozuvanje cvekjinja za 26 (1)

Почит на жртвите од урнатините во катастрофалниот земјотрес во Скопје, далечната 1963 година, со положување цвеќе, изразија и делегација од Кабинетот на претседателот на Владата на Република Македонија, делегација од Кабинетот на претседателот на Собранието на Република Македонија, предводена од Трајко Вељановски, делегации составени од претставници од политичките партии во Република Македонија, делегации од сите општини во градот Скопје, претставници од Црвен крст на град Скопје и на РМ, делегација на Армијата на Република Македонија, претставници од Јавните претпријатија и Јавни културни установи на Град Скопје, претставници од институции во нашава земја, како и граѓани на Републикава.

polozuvanje cvekjinja za 26 (2)

Цвеќиња на гробиштата на загинатите од земјотресот, положија и официјални делегации од странство, меѓу кои: делегација од Република Албанија; Република Австрија; Кралството Белгија; Република Бугарија; Република Кина; Република Хрватска; Република Чешка; Република Франција; Сојузна Република Германија; Република Унгарија; Исламска Република Иран; Република Италија; Јапонија; Кралството Холандија; Република Полска; Руската федерација; Република Србија; Република Словенија; Кралството на Шведска; Кралството на Шпанија; Швајцарија; Република Турција; Украина; Обединетото кралство на Велика Британија и Северна Ирска; Соединетите Американски држави, како и делегација од Европската Унија и Обединетите Нации и УНИЦЕФ.

polozuvanje cvekjinja za 26 (3) polozuvanje cvekjinja za 26 (4) polozuvanje cvekjinja za 26 (5) polozuvanje cvekjinja za 26 (6) polozuvanje cvekjinja za 26 (7) polozuvanje cvekjinja za 26 (8) polozuvanje cvekjinja za 26 (9)

 

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Силен земјотрес ја погоди Шпанија: Прогласена вонредна состојба, евакуирани граѓани

Предраг Петровиќ

Три земјотреси ја погодија околината на Сараево за само два часа

(ВИДЕО) Разорен земјотрес од 7,7 степени во Индонезија: Најмалку 20 загинати, издадено предупредување за цунами

Предраг Петровиќ

Црн биланс во Колумбија: 281 загинат, илјадници повредени и десетици илјади уништени куќи

Повикани 13 лица во полиција поради ширење лажни информации за водата во Скопје

Колумбија: Најмалку 265 загинати во катастрофалниот земјотрес, прогласена е економска вонредна состојба