Авганистанскиот министер за високо образование Обајдула Обајд преживеа денеска напад на пат во северниот дел на земјата, соопшти локалната полиција.
– Министерот Обајдула Обајд придружуван од националната полиција, патуваше во официјална посета на провинцијата Кундуз, кога покрај патот експлодира бомба. Нападот се случи во областа Баглан-е-Маркази во провинцијата Баглан, изјави локален полициски началник.
Двајца полицајци од колоната возила за придружба се повредени, но министерот не е повреден.