ВМРО-ДПМНЕ: Поради заевизмот во КОВИД пандемија Македонија е на врвот по смртност со над 8.100 починати

Од:

„Лошите политики и мерки на заевизмот во време на пандемијата со КОВИД доведоа Македонија да биде меѓу 6-те во светот по смртност. Задоцнетите и лоши мерки направија над 8.100 граѓани на Македонија да го изгубат својот живот, што е рамно на една средно голема општина“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„Неодговорноста и несериозноста на власта на заевизмот, направи Македонија во Европа да е црна КОВИД точка и затоа земјата е рангирана како земја со висок ризик од КОВИД-19.

Наместо здравството на Филипче, Заев и Ковачевски да спречува ширење на брановите на КОВИД вирусот, тие се водеа од политика или пак воведуваа нелогични мерки. Лошото менаџирање, отсуството на стратегија и план за справување со КОВИД пандемијата граѓаните скапо го платија

За жал Заев и Филипче, а и пиунот Ковачевски во текот на целиот период не направија ништо ваквите лоши практики да се променат и да се подобрат. Напротив граѓаните сега речиси и да немаат можност во јавното здравство да направат ПЦР тест. Само 20 до 25% од тестовите се направени во јавното здравство, а останатите 75-80% се прават во приватни здравствени установи и тие чинат илјадници денари по тест.

Поразителна е информацијата дека граѓаните во Македонија досега платиле околу 30 милиони евра за тестирање во приватни лаборатории затоа што во државните нема термин.

За ова катастрофално менаџирање со КОВИД кризата, никој не понесе одговорност. Напротив неспособниот Филипче беше заштитуван, се до моментот кога не беше заменет поради партиско политички пазар. Сепак последиците од лошото менаџирање на заевизмот остануваат, а за жал гледаме дека немаат абер ниту да се променат погрешните политики кои граѓаните скапо ги чинат“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски е победа за правната држава

ВИДЕО: Нема да се градат кампови за мигранти од Британија, тврди Милошоски

Катерина Ѓуровски

Конгрес на децата на Орбан, реагира СДСМ по настанот за реизбор на Мицкоски

СДСМ држи пресови за тоа кој, каде е вработен во приватни фирми, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

ФЕНИ е во целосен застој, работниците се оставени на цедило-пропаднаа ветувањата на ВМРО-ДПМНЕ, тврдат од СДСМ