Прекин на кабел ја отсече Тонга од остатокот од светот

Од:

Архипелагот Тонга во јужниот дел на Пацификот би можел да биде отсечен од остатокот од светот со денови, па дури и недели поради тешкотиите во поправката на единствениот подморски комуникациски кабел, кој беше пресечен за време на голема вулканска ерупција.

По саботната ерупција на вулканот Хунга Тонга-Хунга Хапаи следеше цунами преку Тихиот океан, а во еден момент подморскиот комуникациски кабел, со кој управува компанијата „Тонга Кејбл“, беше отсечен во водите на околу 37 километри од брегот.

Сепак, поправката на клучната оптичка врска на Тонга, која се протега на 827 километри до Фиџи, зависи од пристигнувањето на специјализиран брод, кој сега е неколку дена оддалечен бидејќи се наоѓа во Порт Морсби, главниот град на Папуа Нова Гвинеја.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

НАСА: Ерупцијата на вулканот во Тонга посилна од бомбата фрлена на Хирошима

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Австралиските власти: Немаме податоци за зголемување на бројот на жртвите по ерупцијата во Тонга

Ана Ололовска

Во Тонга потврден прв случај на Ковид-19 од почетокот на пандемијата

Силен земјотрес го погоди архипелагот Тонга

Ана Ололовска

ВИДЕО: Циклонот Гита ја опустоши островската држава Тонга

Ана Ололовска

ВИДЕО: Тонга се подготвува за најсилниот циклон во историјата на државата

Наум Локоски