Украинското обвинителство одреди кауција од 35 милиони долари за Порошенко

Од:

Украинските обвинители побараа кауција од 1 милијарда гривни (35 милиони долари) за поранешниот лидер Петро Порошенко, кој денеска се врати во Украина и покрај тоа што се соочува со апсење под обвинение за предавство.

Претставник на обвинителството за време на сослушувањето за притвор побара од Порошенко, еден од најбогатите луѓе во земјата со богатство проценето на 1,6 милијарди долари, да биде ослободен со кауција и да носи електронска нараквица за следење.

Обвинителите побараа од Печерскиот окружен суд во Киев да му изрече na поранешниот украински претседател превентивна мерка „задржување под стража“ во траење од два месеци.

Обвинителството побара од судот и да го обврзе Порошенко да ги предаде сите свои пасоши.

Во моментов сè уште е во тек судско рочиште (повеќе од 5,5 часа) на кое говорат адвокатите на Порошенко. Тие упатуваат приговори за превентивна мерка против петтиот претседател на државата. Стотици поддржувачи на Порошенко сè уште се собираат пред судот, а целата ситуација и понатаму е релативно мирна, јавуваат локалните медиуми.

Би можело да ве интересира

Макрон: Ако Русија продолжи да го одложува и одбива мирот, мора да следи решителна акција

(ВИДЕО) Нападнат е Киев: Избувнаа пожари, има и повредени

Сирски: Сојузниците се решени да ја поддржат долгорочната безбедност на Украина и Европа

Во Украина е прогласен Ден на жалост поради ракетниот напад на Кривји Рих

Зеленски: Само со координирана акција со партнерите на Украина може да се запрат убиствата

САД: Украински бегалци по грешка известени дека мора веднаш да ја напуштат земјата