Инфлацијата во Хрватска во декември достигна 5,5 отсто, што е најмногу од 2008 година

Од:

Инфлацијата во Хрватска во декември минатата година е зголемена за 5,5 отсто на годишно ниво, додека во цела 2021 година е зголемена за 2,6 отсто во однос на претходната година, покажуваат денешните податоци на Државниот завод за статистика (ЦБС).

Декемвриската годишна стапка на инфлација е највисока од октомври 2008 година, кога изнесуваше 5,9 отсто.

Во однос на ноември, цените на стоките и услугите за лична потрошувачка во Хрватска во декември се задржале во просек на исто ниво.

На годишна основа, во последниот месец од минатата година, најмногу поскапеле превозот и тоа за 11,4 отсто, што во најголем дел се должи на растот на цените на горивата од 22,5 отсто на годишно ниво.

Цените на храната, кои имаат значително учество во потрошувачката кошничка, го продолжија растот што го почнаа во јули и во просек во декември на годишно ниво беа повисоки за 8,1 отсто.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Снег паѓа во северозападна Хрватска

Пленковиќ: Претседателските избори на 29 декември

А1он

ВИДЕО: Брод удри во гребен кај хрватски остров, мештаните ги спасуваа патниците

Предраг Петровиќ

Полицијата утрово врши претрес во домот на министерот за здравство на Хрватска

А1он

Хрватска набавува борбени дронови на Бајрактар: Вредноста на зделката е 95 милиони евра

Министерот за одбрана на Хрватска потврди: Набавуваме Бајрактар

Предраг Петровиќ