Ердоган во посета на Албанија, прогласен за почесен граѓанин на Курбин

Од:

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, денеска престојува во еднодневна посета на Албанија, што е прва негова посета на некоја држава во оваа година.

Ердоган кој пристигна со час задоцнување, на аеродромот во Тирана, со сите државнички почести го пречека премиерот Еди Рама, по што заедно замина за Лач, каде во градот Курбин беше даден во употреба станбен блок од 524 станови, изградени по катастрофалниот земјотрес, што Албанија ја погоди на 26 ноември 2019 година.

Турскиот претседател во својот говор рече дека радоста на Албанците е и негова радост, додавајќи дека „братот стои покрај братот, кога треба, а не кога го повикуваат“. Toj dодаде дека неговата земја за изградба на станбениот блок инвестирала 42 милиони долари.

За премерот Рама, 17 јануари е посебен ден, бидејќи Ердоган е скапоцен пријател, не само на Албанците, туку и за него. Рама се врати во минатото, на првата средба со турскиот претседател, наведувајќи дека му рекол дека „Албанија и Косово се во моето срце“.

Ердоган беше прогласен за почесен граѓанин на Курбин, а беше инаугуриран и плоштадот именуван со неговото име.

Градоначалничката на Курбин, Мајлинда Цара, рече дека титулата му се доделува со мотивација за солидарност и помош дадена од неговата влада во „најтешките денови“.

„Советот на општината ја доделува највисоката титула што ја доделува општина, почесен граѓанин на Курбин, со мотивација за солидарност и помош во најтешките денови за Курбин и извонредниот придонес во процесот на обнова, рече таа.

Попладнево планирана е средба на Ердоган и Рама и потпишување повеќе договори, меѓу кои и за соработка меѓу државните новински агенции, како и архивите, по што ќе одржат прес конфренција.

Доцна попладне шефот на турската држава ќе има обраќање пред народните избранци во албанскиот парламет, по што ќе отпатува за Турција.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Турција уапси 234 лица во рамките на меѓународната операција против нарко-мафијата

Европол: Откриени четири главни мрежи за шверц на дрога во ЕУ и Турција

Турција започнува реставрација на куполата на Аја Софија

А1он

Разрешениот градоначалник на Истанбул: На суд сум затоа што победив на изборите

(ВИДЕО) Снежно невреме во Анкара

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Во сообраќајка загина Ѓулер Ердоган, која беше Мис на Балканот за 2022

Горан Наумовски