Земјотрес со интензитет од 5,6 степени според Рихтерова скала го погоди Авганистан, соопшти Американскиот геолошки институт.
Епицентарот на потресот се наоѓал на 40 километри источно од Кала-е-Нау, главниот град на авганистанската провинција Багдис, а 141 километар североисточно од Херат и бил на длабочина од десет километри под површина на земјата.
Засега нема информации за евентуални жртви или причинета материјална штета.
Извор: МИА